ТЕИ од Западна Македонија, Грција се состои од неколку одделенија лоцирани во Регионот на Западна Македонија, Грција. ТЕИ е вториот по големина Технолошки Образовен Институт во Грција кој брои повеќе од 10.000 студенти. Тој има постојано и активно учество и влијание врз регионалните политики на Западна Македонија, Грција преку воспоставување на технички соработки со бизнис заедницата и властите, како и организирањето на конференции и семинари. Електротехничкиот одсек на ТЕИ ќе игра активна улога во овој проект. Истражувачкиот и техничкиот персонал на одсекот е високо квалификуван и опремен со врвна опрема која се однесува на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија технологии. ТЕИ е научен партнер на KNX , светскиот стандард за контрола на домови и згради. Тој има воспоставено истражувачко проектни соработки на полето на иновативни технологии за обновливи енергии, како што се “smart grids” и био гас, со познати грчки и меѓународни универзитети, како Националниот Технички Универзитет во Атина (НТУА), Претседавачот на Биопроцесното Инжинерство при Техничкиот Универзитет Берлин (ТУ Берлин, Германија), итн.
Граѓанското здружение за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент АРХАМ од Битола е здружение кое со години наназад е посветено на решавање на горливите прашања кои го засегаат квалитетот на живеење и одржливиот урбан развој во регионот и пошироко.
Во АРХАМ Битола членуваат индивидуалци и правни лица со исклучителни професионални достигнувања во инженерските областите на архитектурата, градежништвото, како и социјалните полиња на правото, економијата, заштитата на животната средина.
Актуелни прашања и предизвици на кои АРХАМ делува се:
- Премостување на постоечките административни бариери и професионалната изолираност;
- Иновативен пристап кон затворањето на јазот помеѓу одржливоста на природните ресурси и урбаниот раст;
- Ефикасна борба со последиците од климатските промени;
- Промовирање на квалитетот на живеење како право и обврска не само на заедницата, туку и на секој поединец.
Од досегашните остварувања на АРХАМ Битола ја издвојуваме Студијата за тековната ситуација со азбест во земјите на Западен Балкан изработена во рамките на меѓународниот проект “Градење на капацитет за забрана и напуштање на азбестот во земјите од Западен Балкан„ – (КАПАЗ), како и учеството во прекуграничната активност помеѓу Македонија и Албанија за поддршка на животната средина „Интегрирано и одржливо управување со животната средина преку имплементација на систем за поддршка во одлучувањето”.
Општина Преспес, Грција е новоформирана општина (2011), па затоа не поседува значително искуство во проекти од областана енергетската ефикасност. Сепак, со неодамнешните истражувања во кои Општината имала свое учество се докажало дека јавните згради во оваа областа се крајно енергетски неефикасни и имаат голем потенцијал за намалување на загубите и потрошувачката на енергија.
Политиката за енергетска ефикасност на Општина Ресен е утврдена со Програмата за промоција на енергетската ефикасност која е во согласност со Националната Стратегија за промоција на енергетската ефикасност. Оваа Програма е усвоена од страна на Советот на Општина Ресен во февруари 2012 година и се однесува на периодот 2012-2015. Општина Ресен има голем потенцијал за зголемување на енергетската ефикасност кај јавните згради како што се училиштата, административните канцеларии, центри за култура, како и уличното осветлување.