Меѓународната Конференција за Енергетска Ефикасност и Обновливи Извори на Енергија на згради ќе се одржи 01-03 јуни, 2014 во Кожани, Грција.

Оваа конференција ќе собере инженери, истражувачи, организации, овластени органи и индустрија од Европа и целиот свет.
За повеќе информации, www.bee-res.gr

BEE RES 2014_ΑΦΙΣΑ

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ЗГРАДИТЕ

Битола, 10 и 11 јуни, 2014 година

 

 

НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ЗГРАДИТЕ ќе се одржи во Битола, на 10 и 11 јуни, 2014 г. во организација на Здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент АРХАМ од Битола.

Целта на оваа конференција е да ги промовира инженерските, економските и правните постапки за унапредување на енергетската ефикасност кај градбите.

На конференцијата ќе земат учество инженери инволвирани во процесот на проектирање, научната јавност, институциите надлежни за спроведување на енергетските политики и заштита на животната средина, корисниците на јавните објекти, како и професионалните организации и граѓански здуженија кои се залагаат за енергетската ефикасност.

Се очекува Конференцијата да влије врз јавната свест за неопходноста од унапредување на енергетската ефикасност, да ги стимулира инжинерските истражувања во оваа област, да ја оцени националната и локалната легислатива која е релевантна за енергетската ефикасност и да ги елаборира можностите за финансиски и фискални олеснувања за изградба или реконструкција на градби од висока енергетска класа.

За постигнување на овие резултати ќе бидат одржани 6 пленарни сесии и ќе бидат промовирани Центарот за енергетска ефикасносност за Пелагонискиот регион во Битола, како и новиот Водич за енергетска ефикасност.

Програмата на оваа конференција можете да ја спуштите тука PEEBPE Nac. Konf. Bitola 2014 – Agenda

Упатствата за поднесување на трудови можете да ги спуштите тука Upatstva za avtorite

Контакт лица:

 Атанасовска Александра

E-mail: sandra4ognen@gmail.com

Тел: + 389 70 237 455

 

Трајковска Анастасија

E-mail: anridis@t-home.mk

Тел: + 389 70 237 909