ВТОР КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК на “PEEBPE” проектот
Инфо Центар на Националниот Парк Пелистер Битола, 17ти и 18ти декември 2013 година
Проектот „Унапредување на енергетската ефикасност кај згради и заштита на животната средина„ го одржа ВТОРИОТ КООРДИНАТИВНИОТ СОСТАНОК во Инфо Центарот на Националниот Парк Пелистер Битола, на 17ти и 18ти декември 2013 година.
Надлежен партнер: Здружението за одржлив урбан развој АРХИТЕКТУРА И АМБИЕНТ – АРХАМ Битола
Поканата за настанот можете да ја спуштите тука POKANA – 2 Koord. Sostanok Bitola
ВТОР КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК на “PEEBPE” проектот, 17/12/2013
Работна сесија: Имплементација на “PEEBPE” проектот
Учесници на состанокот:
- Претставници на Технолошкиот Образовен Институт на Западна Македонија – ТЕИ, водечки партнер од Грција;
- Претставници на Општина Ресен, водечки партнер од Р. Македонија;
- Претставници на Општина Преспес, национален партнер од Грција;
- Претставници на Здружението за одржлив урбан развој АРХИТЕКТУРА И АМБИЕНТ„АРХАМ“- Битола, национален партнер од Р. Македонија.
Резултати:
- Извршена проценка на напредокот на проектот;
- Разменети искуства и знаења помеѓу партнерите на проектот;
- Изработен план на активности за следниот период на имплементацијата на “PEEBPE” проектот.
Фото запис 17/12/2013
ВТОР КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК на “PEEBPE” проектот, 18/12/2013
Промотивна сесија: “PEEBPE” проект
Присутни гости:
- Преставници на партнерите на “PEEBPE” проектот од Р. Македонија и Грција;
- Претставници на државните институции, локаната самоуправа, граѓански здруженија – релевантни носители од областа на енергетската ефикасност и животна средина;
- Претставник на канцеларијата на Заедничкиот Технички Секретаријат на ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција во Битола;
- Локани и регионални медиуми.
Излагања:
- г. Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен;
- г. Стелиос Маропулос, ТЕИ Грција;
- г. Василис Цепас, Градоначалник на Општина Преспес, Грција;
- г-ѓа Маријана Стефановски, Претседател на АРХАМ Битола;
- г. Лазар Гечевски, Директор на Агенцијата за енергетика на Р. Македонија;
- Атанасовска Александра и Милошевска Ивона, АРХАМ Битола: Презентација на “PEEBPE” проектот – Активности во Р. Македонија;
- Димитриос Цјамитрос, ТЕИ Грција: Презентација на “PEEBPE” проектот – Активности во Грција.
Модератор: Марија Герас Дочовска, “PEEBPE” Координатор (ПП4)
Резултати:
- Промоција на “PEEBPE” проектот, неговите цели и активности, помеѓу релевантните носители и широката јавност на локално, регионално и национално ниво;
- Подигната јавната свест за значењето на енергетската ефикасност и зачувувањето на животната средина;
- Овозможена видливост на финансиската поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2007-2013„.
Фото запис 18/12/2013
Презентацијата на “PEEBPE” проектот превземете ја тука The PEEBPE project – ARHAM.mk
Видео запис