Цел #1
Да се информираат јавноста и властите за големиот потенцијал кој што јавните, корпоративните и станбени згради го имаат во намалување на потрошувачката на енергија и, последователно на еколошката корист од таквата редукција. Степенот на учество на локално население во организирани семинари или конференции може да биде индикатор за остварувањето на оваа цел до крајот на проектот.
Цел #2
Енергетска ревизија со детални мерења на самото место на 50 јавни згради (25 на секоја земја), кои ќе бидат посочени од двете општини. Добро воспоставена техничка студија ќе биде подготвени со точна стапка на CO2 и потрошувачката на енергија на секоја зграда. Како резултат на студијата ќе се добие сертификат (енергетски пасош) за сите згради опфатени од проектот. Во мерења на самото место вклучуваат: (1) Термо спроводливи мерења на градежни материјали во согласност со ISO9869 и соодветн софтвер, (2) Термографија на зградите со користење на IR камера, (3) Проценка на ефикасноста на нивните системи за греење со дигитален анализатор за мерење на отпад.
Цел #3
Студија и имплементација на енергетска ефикасност и обновливите енергетски технологии во три од горенаведените згради (2 во Република Грција и 1 во Република Македонија). Целта која треба да се постигне е офатените згради да имаат нулта емисија.
Цел #4
Вклучувањето на биоклиматските студии и имплементација на мерките за енергетска ефикасност како делови за подобрување на постоечките згради и во проектирање и изградба на идните објекти.