Унапредување на енергетската ефикасност кај градби

и заштита на животната средина

  • Првиот чекор кон одржлив развој и заштита на животната средина е проценката на стапката на емисија на јаглерод кај градби и евалуација на нивниот потенцијал за намалување на потрошувачката на енергија.
  • Вклучените региони (Регионот на  Западна Македонија од Грција и Пелагонискиот Регионот од Република Македонија) имаат висока потрошувачка на енергија потребна за греење, со особен акцент на зградите во јавна сопственост кои покажуваат екстремно висока потрошувачка на електрична енергија. Во овие области потрошената енергија доаѓа од фосилни горива и дрво или дизел за греење.
  • Целта на овој проект е да ги стимулира локалните заедници и власти за постоењето на големиот потенцијал за намалување на потрошувачката на енергија кај градбите во јавна или приватна сопственост.
  • Следната цел на проектот е да ги предложи сите можни интервенции на овие згради со цел да се намали нивната потрошувачка на енергија, но и да се покрие значителен дел од нивната потрошувачка со еколошки или обновливи енергетски технологии.
  • Крајната цел на проектот е вклучување на сите погоре наведени активности во подобрувањето на постоечките, но и во проектирањето и изградбата на идни градби.

Проектни Партнери

Партнери на проектот се: Технолошко Образовниот Институт од Западна Македонија (ТЕИЗМ) Грција (СВП и ВП1), експерт за енергетска контрола и имплементација на обновливи извори на енергија и технологии за  енергетска ефикасност, Општина Ресен од Пелагонискиот Регион, Република Македонија (ФОП и ВП2), Општина Преспес од Регионот на Западна Македонија, Грција (ПП3), Здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент АРХАМ од Битола, Република Македонија (ПП4), експерт за одржлив урбан развој и еколошки прашања.

ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Република Македонија 2007-2013 е програма за прекугранична соработка кофинансирана од страна на Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Програмата се фокусира на промовирање на одржлив економски и социјален развој во пограничните области, поддршка на соработката во решавање на заеднички предизвици во областите како што се животната средина, природното и културното наследство и јавното здравство. Глобалната цел на програмата е “да се зајакне меѓусебното приближување во областите кои се опфатени со Програмата преку промовирањето на одржлив локален развој”. Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2007-2013 година е 31.549.722,00 евра.